Дома Фудбал Њукасл првото засилување го пронајде на Камп Ноу?

Њукасл првото засилување го пронајде на Камп Ноу?

Откако ќе се потврди промената на сопствениците на Њукасл и падне во рацете на богатиот арапски принц, ќе започне вистинска револуција.

На Сент Џејмс Парк одамна не го виделе Њукасл на врвот, но следната сезона може да донесе големи промени и враќање на популарните „Свраки“ на сцена. Бин Салман е подготвен за големи инвестиции и уште сега се поврзуваат големи ѕвезди со Њукасл.

На листата на желби се Фелипе Кутињо и Карлес Алења, двајца фудбалери на Барселона.

И едниот и другиот не се во плановите на Барса за следната сезона, па многу возможно Каталонците да влезат во преговори со англискиот тим. Кутињо сезоната ја помина во Баерн и за него се интересираат повеќе европски клубови.

Како играч на Баерн, Бразилецот одигра вкупно 32 натпревари и постигна девет погодоци, додека Алења, кој е на позајмица во Бетис одигра вкупно 15 натпреваи и запиша две асистенции.

Освен нив, на метата на Њукасл се уште и Кулибали, Кавани, Мертенс, Наинголан, а останува да се види кој од големите тренерски имиња ќе добие прилика да работи на новиот проект во англискиот и европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…