Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан може да направи изненадувачки трансфер во Ливерпул.
Договорот на Бразилецот со Челзи истекува ова лето и Вилијан ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За неговиот потис се заинтересирани многу европски клубови, но 31-годишниот Бразилец преферира да остане во Премиер лигата.
Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан веќе започнал преговори со Ливерпул, кој е спремен да му понуди 3-годишен договор и да ги задоволи неговите финансиски барања.
Вилијан може да се пресели на „Енфилд“ и пред седум години, кога на клупата на „црвените“ беше Брендон Роџерс, но тогаш Бразилецот го избра Челзи.
Вилијан е миленик на навивачите на Челзи, кои сигурно нема да му го простат овој потег доколку се пресели на „Енфилд“.