Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за наредната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Битола четири ракометари (Елмир Гарџан, Марио Вегар, Невен Стјепановиќ, Милан Ѓукиќ) ја продолжија верноста кон клубот, а освен тоа беа доведени уште Танкоски од Металург и босанскиот репрезентативец Јосип Периќ кој дојде од Бундес лигата од тимот на Гепинген.
Следното засилување доаѓа од најголемиот ривал во македонското првенство, Дејан Кукуловски.
Младиот ракометар во тимот на Вардар сезонава добиваше прилика повеќе во СЕХА лигата и покажа дека има потенцијал да се развива. Во Лигата на шампионите против Мотор успеа да постигне и два гола.
Кога се заминувањата во прашања од Битола си заминаа Владислав Острушко, Ловро Јотиќ и Александар Шевелев.
Фото: РК Вардар