Дома Трансфер зона Три гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Ајакс

Три гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Ајакс

Три европски гиганти ова лето ќе водат голема битка за потписот на ѕвездата на Ајакс, Дони ван де Бек, пренесуваат холандските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но сега во трката за неговиот потпис се приклучија Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Уште минатото лето Ван де Бек се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а наводно преговорите се одложени за ова лето.

Фактот што „кралевите“ се уште немаат комплетен договор со Ајакс им дава можност на „црвените ѓаволи“ и на „бјанконерите“ да се вклучат во трката за неговиот потпис.

Реал се уште важи за фаворит за потписот на 23-годишниот играч за врска, но Јунајтед и Јувентус не попуштаат и работат на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…