Дома Топ вести ПСЖ спреми 80 милиони за две ѕвезди на Милан

ПСЖ спреми 80 милиони за две ѕвезди на Милан

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес и плејмејкерот Исмаил Бенасер се голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот дефанзивец игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Хернандес оваа сезона постигна 6 гола во Серија А.

Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.

Што се однесува до Бенасер тој пристигна во Милан за 16 милиони евра, а потоа беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот Куп. Тој продолжи со добрите игри во Серија А, па е една од светлите точки кај „росонерите“.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе стапил во контакт со Милан и потврдил дека е спремен да плати 50 милиони евра за Французинот и 30 милиони за Алжирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…