Дома Фудбал Италија Ако Донарума замине, Милан има замена

Ако Донарума замине, Милан има замена

Во Милан веќе спремаат замена во случај Џиџи Донарума да го напушти клубот.

На крајот од сезоната истекува договорот помеѓу голманот и Милан, а според пишувањата на италијанските медиуми, нов нема да потпише и одлучен е во тоа среќата да ја побара на друго место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Милан не седат со скрстени раце и веќе имаат решение доколку дојде до тоа сценарио, а замената, наводно, ја нашле во Спортинг Лисабон и нивниот млад голман Луис Максимиано (21).

Овој Португалец во својот договор има откупна клазула од 45 милиони евра, меѓутоа Росонерите ќе понудат помала сума со надеж дека ќе помине, односно 20 милиони евра.

Оваа сезона Максимиано бранеше на 23 натпревари за Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…