Агентот на ѕвездата на Јувентус, Федерико Бернардески откри дека имал разговори со Барселона, но неговиот клиент не сака да ја напушти „старата дама“.
Во јануари се шпекулираше дека Бернардески може да се пресели во Барселона, агентот Бепе Боцо потврди дека разговарал со Каталонците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не започнавме официјални преговори. Вистина е дека започнавме разговори со Барселона, но тоа беше само размена на информации. Федерико не сака да го напушти Јувентус“, изјави агентот.
26-годишниот офанзивен фудбалер пристигна во Торино во 2017 година од Фиорентина за 40 милиони евра и има договор со „бјанконерите“ до јуни 2022 година.