Teд Смит, поранешниот голман на младите селекции на Англија минатото лето беше на мета на Тотенхем и Мурињо. Тогаш овој 24 годишник го напушти Саутенд во кој ја помина целата кариера, но до трансфер не дојде поради големииот притисок.
Поради големиот притисок тој ја заврши кариерата на 24 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа не бев јас. Тоа не беше нешто во кое уживав. Обожавам натпревари и тренинг, но кога станува збор за притисокот беше преголем“.
Кариерата му ја завршиле – друштвените мрежи.
„После некој натпревар се враќав и следев што се пишува на друштвените мрежи за мене. После секој натпревар имаше бројни лоши коментари. Тоа многу влијаеше на мене, не можев да останам позитивен. Во мојата глава се разви страв од играње натпревари и не можев да не мислам на него. Животот не е само фудбалот, постојат и други работи, ова не е вредно за толку стрес“ раскажа Смит.
Имал обид проблемот да го реши со посета на спортски психолог, но истите проблеми секогаш му се враќале.