Дома Фудбал Италија Квардадо се посрамоти: Поранешниот играч на Јувентус кој почина од леукемија го замени со Рабио (ФОТО)

Квардадо се посрамоти: Поранешниот играч на Јувентус кој почина од леукемија го замени со Рабио (ФОТО)

Во Јувентус 25. април не е обичен ден, клубот од Торино се потсети на Андре Фортунато, одличниот бек кој почина на 25 години од леукемија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Старата дама“ на социјалните мрежи објави фотографија со опис дека се уште е во срцата на сите на оние на кои Јувентус им е драг.

На оваа фотографија гаф во коментарите направи сегашниот играч на Јувентус, Хуан Квардадо. Колумбиецот Фортунато го замени со Адриен Рабио кој е негов сегашен соиграч во Торино.

„Адриен, дали си ти ова“?, напиша Квардардо.

По некое време Квардадо се огласи со извинување.

„Ја видов фотографијата и не го прочитав описот што се случило. Само ја видов и мислев дека е Рабио, им се извинувам на сите“, објави Колумбиецот неколку часа подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона купува од Премиер лигата. Пристигнува ѕвездата од 80 милиони?

Со приближувањето на летниот трансфер период, на списокот на потенцијални засилувања на Ба…