Минатото лето многу европски гиганти се „тепаа“ за потписот на Танги Ндомбеле, но на крајот Тотенхем ја доби битката за неговиот потпис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ндомбеле пристигна во Тотенхем за 60 милиони евра, но веднаш беше јасно дека ќе му биде потребен подолг период за адаптација во Премиер лигата.
Покетино сметаше на него и му даваше шанса во стартниот тим, но Мурињо го загуби трпението и го „отпиша“ Французинот.
Ндомбеле на последните пет натпревари во Премиер лигата одигра само 63 минути, па медиумите на Островот пренесуваат дека „спарси“ се спремни да го продадат на лето.
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона и ќе се обиде да го донесе на „Камп Ноу“ ова лето бидејќи во него гледа идеален наследник на Бускетс.
Последните информации од Каталонија говорат дека Барселона ќе се обиде во зделката да го вклучи Нелсон Семедо, за кого Мурињо е заинтересиран.