Дома Трансфер зона Барса ја одреди цената за Нелсон Семедо

Барса ја одреди цената за Нелсон Семедо

Финансиските загуби можат да ја натераат Барселона да го продаде десниот бек Нелсон Семедо, пренесуваат каталонските медиуми.

Семедо беше во преговори со Барселона за продолжување на соработката, но преговорите се стопирани бидејќи двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наводно желбата на Семедо е да се пресели во Премиер лигата и да соработува со Гвардиола, па за тоа веќе ги известил челниците на Барселона.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона нема да му стои на патот, но за неговата слобода бара 45 милиони евра.

Наводно Манчестер Сити е спремен да ја плати оваа сума, а покрај „граѓаните“ интерес за Семедо покажуваат уште Јувентус и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…