Дрис Мертенс скоро сигурно ќе го напушти Наполи, а вчера се појави информација дека Рома испратила понуда за него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англичаните тврдат дека освен Рома за Мертенс се интересира и клуб од Премиер лигата, а станува збор за Челси.
На Мертенс му истекува договорот со Наполи, а со тоа голем број на клубови го сакаат бесплатно, со оглед на тоа дека Белгиецот е врвен фудбалер.
Наводно политиката во Челси е на играчите постари од 30 години да не им го продолжуваат договорот на повеќе од една година, но Мертенс би можел да биде исклучок.
Тој во досегашниот дел од сезоната во 29 настапи во дресот на Наполи постигна 12 погодоци и запиша 6 асистенции.