Дома Топ вести Дали ова значи дека Роналдо заминува? Јувентус тргнува по ѕвездата од Примера

Дали ова значи дека Роналдо заминува? Јувентус тргнува по ѕвездата од Примера

Jувентус има нова мета, а тоа  е младата ѕвезда на Валенсија, Феран Торес, пренесуваат италијанските медиуми.

Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Торино.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Јувентус сигурно ќе се обиде да ја намали цената бидејќи играчот на лето влегува во последната година од договорот.

Јувентус е во потрага по нов напаѓач бидејќи на лето најверојатно ќе се раздели со Игуаин, а се погласни се и шпекулациите за заминување на Роналдо, па „бјанконерите“ веруваат дека Торес би бил долгорочно решение за нападот.

Сепак, „старата дама“ ќе има жестока конкуренција бидејќи за Торес заинтересирани се уште Реал Мадрид и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…