Дома Фудбал Останато На денешен ден: „Небо се отворило! Стадион експлодирао!“ (ВИДЕО)

На денешен ден: „Небо се отворило! Стадион експлодирао!“ (ВИДЕО)

Црвена Звезда во минатото имаше големи успеси во клупскиот фудбал, црвено-белите се поранешен европски и светски шампион. 1991 е година испишана со златни букви во екс Југословенскиот фудбал.

За наша поголема радост огромни заслуги за тој успех на Звезда имаат Дарко Панчев и Илија Најдоски. На патот до тронот на Европа Звезда помина низ Минхен, во полуфиналето го елиминираа Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Звезда на првиот натпревар во Германија победи со 2:1. Потоа во реваншот Звезда имаше 1:0, Баерн направи пресврт со 1:2, за потоа да следува шок за Германците во 90. минута. Со автоголот на Ауман и лошата реакција на голманот Звезда изедначи на 2:2 и се пласираше во финалето.

Следуваше бура од емоции и голема радост за белградскиот тим, а тука настана и познатиот коментар на легендарниот коментатор Милојко Пантиќ: Небо се отворило! Стадион експлодирао!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…