Дома Фудбал Останато Вечерта кога Левандовски го потопи Реал Мадрид (ВИДЕО)

Вечерта кога Левандовски го потопи Реал Мадрид (ВИДЕО)

Роберт Левандовски во изминатите десетина години е еден од најдобрите голгетери во светот.

Полскиот напаѓач на големата сцена дојде во дресот на Борусија Дортмунд, а пред точно седум години за овој германски гигант одигра навистина чудесен натпревар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Левандовски таа вечер беше незапирлив за одбраната на Реал. На крајот им даде четири гола во победата од 4:1 во полуфиналето од ЛШ, да имаше малку повеќе прецизност и среќа можеше да постигне и уште некој гол.

Мала надеж за Реал пред реваншот даде голот на Роналдо, меѓутоа во вториот натпревар тимот на Жозе Мурињо победи со 2:0 што не беше доволно за „кралевите“ да ја надополнат негативата.

Иако и сезонатата претходно Левандовски имаше фантастичен учинок и се знаеше дека е голем стрелец во овој натпревар Лева се претстави како вистинска гол-машина.

Ќе потсетиме подоцна во дресот на Баерн Левандовски одигра и историски натпревар во кој постигна пет гола за девет минути. (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…