Напаѓачот на Валенсија и шпански репрезентативец, Родриго е трансферна цел на Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
„Топџиите“ ова лето најверојатно ќе останат без Обамејанг, па потребен им е нов лидер во нападот, а Артета смета дека Родриго би бил идеално решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме сопственикот на Валенсија спрема големи промени во тимот и е спремен да го продаде Родриго ова лето.
Напаѓачот има договор со „лилјаците“ до 2022 година, а неговата цена изнесува околу 60 милиони евра.
Арсенал е спремен парите од продажбата на Обамејанг да ги инвестира за купување на Родриго.
#AFC linked with #ValenciaCF striker Rodrigo Moreno https://t.co/FCPbxOBAdS
— footballespana (@footballespana_) April 19, 2020