Дома Фудбал Останато Мората: Не знам дали е намерно ама Киелини секогаш ме уништува кога играм против него

Мората: Не знам дали е намерно ама Киелини секогаш ме уништува кога играм против него

Aлваро Мората во овој момент настапува за Атлетико Мадрид, а пред тоа беше член на Реал Мадрид, Јувентус и Челзи.

Со оглед дека цела кариера игра во најголемите клубови до сега практично играше против сите најдобри светски дефанзивци.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во текот на разговорот со тенисерот Фабио Фоњини на Инстаграм тој го избра стоперот против кој му е најтешко да игра, а тоа е неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Џорџо Киелини.

„Прв сигурно е Киелини. Не знам дали тоа го прави намерно ама секогаш кога играм против него ме уништува. Со Леонардо Бонучи може да поразговараш на теренот. Рамос исто така е тврд дефанзивец, додека кога одите на Вирџил Ван Дајк е како да одите кон планина“, објасни Мората

Киелини и Мората ја делеа соблекувалната од 2014 до 2016 година. Од тогаш се сретнаа уште неколку пати кога Јувентус играше против Реал и Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…