Едисон Кавани веќе постигна договор со Атлетико Мадрид и на лето ќе пристигне како слободен агент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругваецот ја игра последната сезона во ПСЖ и на лето ќе биде слободен агент, а веќе постигнал договор за 3-годишна соработка со „јорганџиите“.
Неговото доаѓање во Мадрид дефинитивно ќе значи заминување на Диего Коста. Италијанските медиуми тврдат дека напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Серија А, поточно во дресот на Рома.
Рома подолго време посакува да ангажира напаѓач за поддршка на Един Џеко, а ако успее во намерата, сигурно дека ќе го има еден од најдобрите напаѓачки тандеми во Серија А во наредната сезона.
Диего Коста ја докажа својата класа во Примера и Премиер лигата, па со задоволство ќе ја прифати поканата да се пресели во Серија А.