Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев уште еднаш го потврди својот план – да игра уште една годинаво обид да се избори за пласман на ЕВРО 2021.
Пандев планираше да ја заврши кариерата на крајот на сезоната, но одложувањето на Европското првенство ги промени неговите планови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакав да ја спасам Џенова и да се пласирам на ЕП со Македонија, но оваа трагедија со коронавирусот смени буквално се. Дефинитивно, сакам да играм уште една година. Јас никогаш нема да бидам тренер. Размислував на оваа тема, но мислам дека подобро ќе се снајдам во некоја извршна функција во управата на клубовите. Сакам и да им помогнам на младите луѓе во Македонија“, вели Пандев.
Пандев исто така ги потврди шпекулациите дека добил повик од Интер во јануари, но избрал да остане во Џенова.
„Интер се јави, тоа е клубот на кој му должам се за мојата кариера. Ми понудија договор на шест месеци, а потоа и останување во клубот на некое директорско место. Сепак,не сакав да ја оставам Џенова среде сезона, во период во кој се бори за опстанок во елитата. Затоа и решив да останам и не зажалив за одлуката“, откри нашиот капитен.