Дома Фудбал Италија Карантинските проблеми: Седиш дома, со полн фрижидер и како да не го отвараш секои 10 минути?

Карантинските проблеми: Седиш дома, со полн фрижидер и како да не го отвараш секои 10 минути?

Капитенот на италијанска Аталанта, Папу Гомез објасни како го минува домашниот карантин во Бергамо, градот кој беше еден од најпогодените од овој вирус.

Само во Бергамо починаа над 6.000 како последица од коронавирусот. Гомез како и останатите од овој град нема друга опција освен да седи дома. На Гомез тешко му паѓа одржувањето на формата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Навистина не знаеме ниту што да вечераме, добро знаете дека мораме да се грижиме за формата и да водиме сметка за исхраната за да не се вратиме со вишок килограми. Но кога човек е цело време затворен искушението е големо. Седиш дома со полн фрижидер и како да не го отвараш на секои минути“, се пожали Гомез.

Во Италија се најавува дека фудбалот ќе се врати на 4. мај, а Гомез знае дека натпреварите ќе бидат тешки.

„Нормално дека е тешко да се вратите на фудбалот после два месеци дома, проблем ќе ни прави и тоа што ќе играме на температури од 30 степени, може и повисоки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…