Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.
„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат Тотенхем и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Жозе Мурињо спрема голема револуција на тимот ова лето и главна цел ќе биде токму Милинковиќ-Савиќ. Тотенхем е спремен на лето да го продаде Ндомбеле, а како негов заменик да го донесе Србинот.
Од Лацио му порачаа на заинтересираните клубови дека цената на СМС изнесува 120 милиони евра, а интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Јувентус…