Нашите сениорски репрезентативци Гоце Јанески и Јасин Љама од денеска се во задолжителна домашна самоизолација, периодот на 14. дневен карантин заврши, по испитувањата потврдено е дека и двајцата се негативни на Ковид-19.
Јанески и Љама на почетокот од март настапија на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон, по само два дена од почетокот на натпреварите, турнирот беше прекинат од страна на организаторите поради пандемијата од коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативците Јанески и Љама поради проблемот со затворените аеродроми на 29 март се вратија во Скопје, голема помош боксерската федерација на Македонија имаше од нашите Амбасади во Лондон и Софија како и од Генералниот секретар на Владата на Македонија, Д-р Драги Рашковски.