Бившиот фудбалери и тренер на школата на Барселона, Жерард Лопес е зачуден од трансфер политиката на претседателот на каталонскиот клуб, Жосеп Марија Бартомеу.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лопес е зачуден од фактот што Барселона сака да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ иако потроши 400 милиони евра за негова замена.
„Потрошија 400 милиони евра за да најдат замена за Нејмар, а сега сакаат да го вратат назад. Притоа, играчот го тужи клубот и наскоро ќе има судење“, изјави бившиот играч на Барса.
Откако Нејмар си замина од Барселона и се пресели во ПСЖ, клубот од „Камп Ноу“ ги доведе Осман Дембеле и Кутињо за 250 милиони евра, а ова лето беше купен и Антоан Гризман за 120 милиони евра.
„Мислам дека до 2021 година Бартомеу ќе спасува што може да се спаси и ќе влече неразумни потези со кои ќе го привлекува вниманието“, смета Лопес.