Дома Фудбал Останато Роналдо во Реал ја изненадил голманската надеж на „кралевите“: Два пати ми подари мобилен

Роналдо во Реал ја изненадил голманската надеж на „кралевите“: Два пати ми подари мобилен

Mногу млади фудбалери сонуваат за тоа да ја делат соблекувалната со големите ѕвезди. Меѓу оние кои имаа прилика за такво нешто е Моха Рамос, 19 годишниот голман на Реал Мадрид кој во овој момент е на позајмица во Бирмингам Сити.

Рамос во 2017 и 2018 година имаше прилика да тренира со првиот тим на Реал и во тој период најголем впечаток на него оставил Кристиано Роналдо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Се сеќавам дека Роналдо два пати ми поклони мобилен телефон. Не го очекував тоа, бев во шок поради таквиот негов гест. Иско и Мајорал беа тука и ми кажаа: Пријателу, кажи нешто. Не знаев како да реагирам, бев дете“.

Во Реал едно време беше трет голман, но желба му е да се врати на „Бернабеу“.

„Моите родители го чуваат шампионскиот медал кој го освоив во Реал. Зошто заминав? Во Реал ви нудат различни можности за да продолжите да се развивате, а една од нив секако е и позајмицата. Имаше неколку опции, но кога се појави шанса да одам во Англија немав дилеми“, раскажа Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Куман откри кога Рајндерс ќе оди на медицинските прегледи во Манчестер Сити

Репрезентативецот на Холандија Тијани Рајндерс ќе ги спроведе своите медицински прегледи п…