Дома Топ вести Хаверц му кажа ДА на Баерн Минхен

Хаверц му кажа ДА на Баерн Минхен

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Кај Хаверц дал согласност за трансфер во Баерн Минхен, пренесува „Скај Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.

20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Хаверц минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.

„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми Леверкузен бара 100 милиони евра за неговиот потпис.

Гигантите веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а Баерн Минхен не сака да дозволи Германецот да замине од Бундеслигата и да се пресели во Бундеслигата.

Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му понудиле 8 милиони евра по сезона, а Хаверц ја прифатил понудата и се согласил за трансфер во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…