Македонските сениорски репрезентативци во бокс, Гоце Јанески и Јасин Љама се негативни на Ковид-19 откако денеска им беа направени тестови по речиси 14. дневниот карантин по враќањето од Лондон.
Љама и Јанески ќе го напуштат карантинот најдоцна во понеделник а потоа ќе одат во самоизолација во своите домови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за настап на Олимписките игри во Токио, турнирот беше откажан по само два дена, македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија безбедно се вратија дома и беа во карантин во Скопје.