Дома Трансфер зона Интер го најде „клучот“ за трансферот на Киеза

Интер го најде „клучот“ за трансферот на Киеза

Минатото лето откако на кормилото на Интер дојде Антонио Конте веднаш го „отпиша“ Раџа Наинголан, кој замина на позајмица во Каљари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Сардинија не е финансиски моќен да го откупи Белгиецот, па Наинголан ова лето ќе се врати во Интер, но јасно е дека за него нема повеќе место на „Џузепе Меаца“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за 31-годишниот играч за врска покажува Фиорентина, која сака значително да се засили ова лето.

Интер за слободата на Наинголан бара 20 милиони евра, но е спремен да го пушти и ако „виолетовите“ понудат 15 милиони евра.

Медиумите на Апенините не ја исклучуваат можноста Наинголан да биде вклучен и како дел од трансферот на Федерико Киеза.

Интер подолго време е заинтересиран за младиот Италијанец, а Наинголан може да биде „клучот“ за трансферот на Киеза во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…