Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд само го продолжи она што совршено го работеше во Салзбург.
Норвешкото чудо од дете во текот на зимскиот преоден рок потпиша за Борусија, која го плати 20 милиони евра и само неколку месеци подоцна постои можност да направи нов трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Ерлинг постигна 12 погодоци во 11 настапи во дресот на германскиот бундеслигаш, се појави интерес од Шпанија. Како што тоа е по обичај, се што се појави на фудбалската мапа и покажува добри игри, дојде под лупа на челниците на Реал Мадрид.
Според шпанските медиуми, Реал е подготвен да го откупи договорот на Халанд, односно да ја активира откупната клазула од 75 милиони евра.
Дополнително, АС наведува дека Реал е можно да постигне договор со Борусија, според кој во Дортмунд ќе го испрати Лука Јовиќ и 60 милиони евра.
Јовиќ за 60 милиони евра во Реал дојде од Ајнтрахт, но не ги оправда очекувањата, односно постигна само два гола на 24 натпревари.