Дома Фудбал Останато Бејл и Дибала играа ФИФА, изненадија со изборот на тимовите (ВИДЕО)

Бејл и Дибала играа ФИФА, изненадија со изборот на тимовите (ВИДЕО)

Поради пандемијата од коронавирусот клубовите побараа од своите играчи да бидат во изолација и да ја следат индивидуалната тренинг програма за да останат во форма.

Во таква ситуација најголемите ѕвезди бараат начин како да се забавуваат. Така вчера Герет Бејл и Паоло Дибала играа еден против друга ФИФА 20. Дибала и Бејл изненадија со изборот на клубовите.

Дибала се реши за Реал Мадрид, а Бејл за Манчестер Сити. Фудбалерот на Јувентус на крајот беше поуспешен со 3:1. Еден од головите за Дибала го постигна токму со ликот на Бејл.

Инаку, Дибала е еден од заразените со коронавирусот. Дибала прво направи тест кој покажа дека е негативен, меѓутоа на вториот се покажа дека вирусот се уште е во неговото тело иако Аргентинецот не чувствува симптоми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…