Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири би можел од следната сезона повторно да игра во Италија.
Шаќири не е во плановите на Јирген Клоп за наредната сезона и извесно е дека на лето ќе го напушти Енфилд, а како и обично, веќе на големо се шпекулира за тоа каде би можел да ја продолжи својата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Ливерпул му дале до знаење на Шаќири дека може да си бара нова средина, а според информациите до кои дојде Калчомеркато, следната станица за 28-годишниот фудбалер би требало да биде Рома.
Челниците на Волчицата сакаат да го донесат Шаќири на позајмица, а во разговорите инсистираат на опција и за откуп на неговиот договор по крајот на позајмицата.
„Моментално петопласираниот тим од Серија А ќе тргне по Шаќири откако ќе се отвори трансфер пазарот.“ – пренесуваат Италијанците.
За Шаќири уште се интересираат и Севиља, ЦСКА и Зенит.