Дома Македонски спорт Потврдено: Минимални плати за април и мај за спортистите и спортските работници

Потврдено: Минимални плати за април и мај за спортистите и спортските работници

На денешната прес-конференција техничкиот премиер во Владата на Македонија Оливер Спасовски објави дека спортистите и спортските работници ќе добијат по една минимална плата за месец април и мај.

Помошта за вработените во спортот ќе биде од 14.500 денари. Ова е дел од мерките на Владата за излез од кризата која ја донесе пандемијата на коронавирусот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи ќе добијат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“, изјави Спасовски.

Ова сигурно ќе помогне затоа што прволигашките екипи задолжително мораат да имаат најмалку десет играчи кои се пријавени во Агенцијата за вработување. Помош исто така ќе добијат клубовите за своите вработени административци.

Меѓутоа се поставува прашањето што со помалите спортови, кошаркарите, одбојкарите, ракометарите каде што најголем дел од клубовите функционираат со хорнорарни договори заверени само во матичните федерации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…