Дома Фудбал Останато Maта: Ван Гал понекогаш плачеше пред нас

Maта: Ван Гал понекогаш плачеше пред нас

Шпанскиот играч за врска Хуан Мата во разговор за странските медиуми се потсети на соработката со Холанѓанецот Луис Ван Гал.

Играчот на Манчестер Јунајтед во клубот дојде во јануари 2014 година од Челзи. Само четири месеци подоцна му се придружи Мата со кого Ван Гал имаше добро соработка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мата сега откри дека Холанѓанецот понекогаш знаел и да заплаче пред играчите.

„Тој е пријатен човек, автентичен и сензибилен. Понекогаш покажуваше ранливост и знаеше да заплаче пред играчите“, изјави Мата.

Прв пат со него се сретнал во Лос Анџелес на припремите за новата сезона. Тогаш Ван Гал побарал од секој играч посебно да дојде во неговата канцеларија.

„Кога влегов, тој седеше со Гигс (тогаш беше помошен тренер). Ми понуди да седнам и нешто да се напијам и побара од мене да му кажам нешто за себе. Јас му одговорив: „Се викам Хуан, имам 26 години и играм фудбал“. Тој ми возврати: „Не, не. Кажи ми каква личност си. Дали имаш семејство и што е важно за тебе во животот“. Тој е подобар од повеќе тренери. Најважно е што е одличен човек од кој многу научив“, откри шпанскиот фудбалер.

Ќе потсетиме, Ван Гал во Јунајтед се задржа две години, а после него на клупата дојде Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…