Дома Фудбал Останато Мурињо ги избра најдобрите 11 кои ги тренирал и ја изненади јавноста (ФОТО)

Мурињо ги избра најдобрите 11 кои ги тренирал и ја изненади јавноста (ФОТО)

Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно го привлече вниманието на спортската јавност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Додека трае паузата во првенствата во цела Европа (освен Борусија) новинарите на „Марка“ направија интересен разговор со Жозе Мурињо. Тие побараа од португалскиот стратег да ги избере најдобрите 11 играчи кои ги тренирал во неговата кариера.

Мурињо успеа повторно да ја изненади јавноста со својот избор. Имено, посебно изненадува тоа што во тимот има само еден играч од Интер со кој освои се во 2010 година.

Исто така во идеалните 11 нема ниту еден играч на Манчестер Јунајтед и Тотенхем кој во овој момент го води. Единствениот играч од тој тим на Интер кој доби место во неговиот идеален тим е Хавиер Занети.

Во тимот на Мурињо доминираат играчите со кој соработуваше во Челзи, а многумина се чудат како Вилијам Галас се најде во неговиот тим.

СОСТАВОТ НА МУРИЊО:

Чех, Занети, Тери, Карваљо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба и Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Teнзии во Тирана: Навивачите ја исвиркаа химната на Израел (Видео)

Синоќа во Тирана се одигра пријателски натпревар меѓу Албанија и Израел кој заврши со побе…