Дома Топ вести Зидан прави „чистка“ во Реал: Пет ѕвезди ги спакуваа куферите

Зидан прави „чистка“ во Реал: Пет ѕвезди ги спакуваа куферите

Реал Мадрид спрема голема реконструкција за следната сезона. Ќе пристигнат неколку нови засилувања, но некои од ѕвездите ќе бидат ставени на продажба.

Герет Бејл и Хамес Родригез ги предводат ѕвездите кои ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“, како и Лука Модриќ, на кого му завршува договорот и ќе биде слободен агент.

Покрај овие тројца, на продажба ќе бидат ставени и Лукас Васкез и Маријано Дијаз, кои не се во плановите на Зидан за следната сезона.

Реал размислува да се ослободи и од Начо, Марсело и Брахим Дијаз, а со продажбата на овие фудбалери ќе финансира дел од трансферите на две големи ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…