Фудбалерите во Премиер лигата и Чемпионшип останале изненадени од новиот план според кој ќе треба да играат три натпревари во рамнките на само пет дена, откако сезоната ќе продолжи.
Играчите веќе биле информирани за овој план според кој сезоната во Англија треба да заврши до 30-ти јуни, со цел да се изгегнат правни и финансиски проблеми кои можат да настанат за играчите кои имаат договор до 30-ти јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според оптимистичките прогнози, сезоната во Англија треба да продолжи во средината на месец мај, а натпреварите готово сигурно ќе се играат без публика.
Од Премиер лигата исто така одбиваат сезоната да ја заврѓта во јули, бидејќи тоа ќе придонесе за одложување на следната сезона. Секој клуб до крајот на сезоната треба да изигра најмалку 9-10 меча.