Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.
Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на терените, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.
Баварците се во постојан контакт со агентот на Сане, а сега спремил нова понуда до Манчестер Сити. Имено, Баерн го нуди Давид Алаба плус 50 милиони евра во кеш.
Цената на Сане изнесува околу 100 милиони евра, а Гвардиола е заинтересиран за Алаба, па многу е веројатно „граѓаните“ да ја прифатат понудата.