Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан на лето сака да го врати францускиот играч за врска, Тиму Бакајоко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.
Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него нема место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.
Челзи ќе сака да го продаде на лето, а цената на Бакајоко значително падна, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го врати играчот на Сан Сиро.