Дома Фудбал Германија Ноер и Баерн се уште не можат да се договорат!

Ноер и Баерн се уште не можат да се договорат!

Преговорите помеѓу Маниел Ноер и Баерн Минхен за продолжување на соработката се во прекин, објави еминентен новинар на „Билд“.

Баерн му понудил нов договор на Мануел Ноер, но само со продолжување на една година. Сегашниот договор на Ноер истекува во 2021 година, а Баварците му понудиле договор до јуни 2022 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ноер веднаш го одбил ваквиот предлог и бара договор до 2024 година, па двете страни не се ни близу да најдат заеднички јазик.

Германскиот голман има 34 години и е еден од најплатените во тимот, па поради тоа Баерн не сака да му понуди долгорочен договор.

Ноер пристигна во Баерн во 2011 година и се претвори во легенда на баварскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…