Дома Трансфер зона Барса, Сити и Јуве се „тепаат“ за талент на ПСЖ

Барса, Сити и Јуве се „тепаат“ за талент на ПСЖ

Младиот талент на Пари Сент Жермен, Едуар Мишу е на мета на неколку европски гиганти.

Манчестер Сити, Јувентус и Барселона веќе подолго време го следат 17-годишниот талент и веќе испратиле понуди до неговиот агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мишу во Франција го споредуваат со Марко Верати и ПСЖ прави се за да го задржи, но ќе мора да ја победи конкуренцијата. Барселона е најсилено заинтересирана бидејќи сака да им се „одмазди“ на „светците“ за тоа што им го „украдоа“ Чави Симонс.

Мишу уште нема професионален договор и може да бира за кој клуб ќе потпише на лето, а спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се обидува да го убеди да остане во Париз.

Не е исклучено до крајот на сезоната Томас Тухел да му даде шанса на Мишу да дебитира во Лига 1, бидејќи младиот играч за врска неколку пати доби повик со првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат тренерска трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен може  да направат смена на тренерите Ерик тен Хаг и Тома…