Eдисон Кавани и Златан Ибрахимовиќ можеле да му станат соиграчи на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Лидс, откри сопственикот на клубот Андреа Радрицани.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ибрахимовиќ ова зимо откако му заврши договорот со ЛА Галакси одлучи да се врати во Европа и потпиша договор со Милан. Кавани пак се поврзуваше со Атлетико, но и Лидс се борел за нивните потписи.
„Имавме поконретни разговори со Златан. Имаше можност да дојде кај нас, сепак на крај се реши за Милан. Во преговорите беше искрен и транспарентен. Не разговарав со Биелса затоа што чекавме конечен одговор ако дојдеше до тоа да водиме преговори за личните услови на фудбалерите тогаш ќе разговарав и со Марсело. Меѓутоа двајцата се одлучија да одат по друг пат“, откри Радризиани за „Скај Италија“.