Додека светот се бори со пандемијата од коронавирус, спортистите ширум светот објавуваат видеа како го поминуваат времето во изолација.
Играчот на Ливерпул, Џејмс Милнер покажа дека има исклучителна смисла за хумор и одлично ги забавува своите следбеници на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милнер објави видео кое веднаш стана хит на интернет. Тој избра „најдобар тим во изолација“ и тоа со предмети кои ги има во својот дом.
Па така синџирот за кучиња беше Кајл Вокер, кечапот „Хајнц“ е Габриел Хајнце, Давид Силва е сребрена паричка, Лампард е столна ламба…
Had plenty of time to think about this… here’s my #isolationXI – let me know who would make your squad… #dadjokeseverywhere pic.twitter.com/zIQ3TedkrH
— James Milner (@JamesMilner) March 24, 2020