Две големи ѕвезди се на излезна втара од Атлетико Мадрид, тврдат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се очекува на крајот на сезоната „јорганџиите“ да се разделат со Диего Коста и Тома Лемар. Клубот ќе ги разгледува понудите за двајцата фудбалери, а приходите ќе бидат искористени за нови засилувања.
Лемар е втор најскап фудбалер во историјата на Атлетико, но не успеа да се прилагоди на стилот на Симеоне и на лето ќе биде продаден, а за него интерес покажуваат Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Диего Коста на лето влегува во последната година од договорот, но оваа сезона се мачи со повреди. Раководството донесе одлука да го продаде на лето и да донесе негова замена.
Друг приоритет на раководството е да го обноват договорот на Томас Парти, кој оваа сезона се етаблираше во еден од клучните фудбалери во тимот на Симеоне.