Кристијано Роналдо веќе повеќе од две недели се наоѓа во куќна изолација во Мадеиро, а критичниот период за него помина.
Роналдо замина за Португали после натпреварот помеѓу Јувентус и Интер кој се одигра пред нешто повеќе од две недели во Торино. Само ден подоцна беше прекината Серија А и на играчите им беше наредено да останат во куќна изолација, што значеше дека Роналдо не може да се врати во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот одлучи да остане во својата куќа во Португалија и ги испочитува правилата за изолација. Таа успешно помина и сега има можност да се дружи со својата фамилија и пријателите.
Неговата сестра Катја Авеиро синоќа објави фотографија после тренингот во куќната теретана, а најголем впечаток остави телото на Кристијано Роналдо кој покажа дека изгледа како Терминатор.