Дома Трансфер зона Интер спрема нов договор за Брозовиќ

Интер спрема нов договор за Брозовиќ

Интер оваа сезона игра одлично и после подолго време се бори за Скудетото, па главна цел на „нероаѕурите“ ќе биде да го задржат костурот на тимот за следната сезона.

Еден од играчите кои посебно блеска оваа сезона под водство на Антонио Конте е хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ќе му понуди нов договор на Хрватот со значително зголемување на платата, со цел да го „блиндира“ од нападите на другите клубови.

Во актуелниот договор на Брозовиќ, кој истекува во 2022 година откупната клаузула изнесува 60 милиони евра.

27-годишниот играч за врска моментално заработува 4,5 милиони евра по сезона, а според новиот договор Интер ќе му понуди годишна плата од 5,5 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…