Дома Топ вести Клоп купува дефанзивец и напаѓач од Бундеслигата

Клоп купува дефанзивец и напаѓач од Бундеслигата

Ливерпул е силно заинтересиран за напаѓачот на Вердер и косовски репрезентативец, Милот Рашица, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според еминентниот германски весник Рашица е резервна опција за Клоп доколку не успее да го реализира трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг.

„Билд“ открива дека косовскиот репрезентативец во договорот со Вердер има откупна клаузула од 38 милиони евра, сума која Клоп е спремен да ја плати.

Оваа сезона Рашица игра фантастично и на 24 меч постигна 10 гола и запиша 4 асистенции за Вердер.

Клоп сака да ја засили и дефанзивната линија со оглед на фактот дека Ловрен е на излезна врата од „Енфилд“. Медиумите пренесуваат дека „црвените“ се заинтересирани за 18-годишен Малик Тиав од Шалке кој важи за играч со голем потенцијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…