Дома Топ вести Барса нема намера да се раздели со Дембеле

Барса нема намера да се раздели со Дембеле

Раководството на Барселона нема намера да ги слуша понудите за Осман Дембеле ова лето, пренесува каталонски „Спорт“.

Во Барселона сметаат дека би било некоректно да не му се даде поддршка на фудбалер кој се лекува од тешка повреда. Дембеле имаше операција во февруари и се очекува процес на рехабилитација од шест месеци.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Исто така челните луѓе на Барселона и тренерот Кике Сетиен го сметаат Дембеле како важен дел од тимот и дека има квалитети следната сезона да игра клучна улога.

Дембеле пристигна  на „Камп Ноу“ како големо засилување, оваа му е трета сезона, но сепак не ги оправда очекувањата до сега. Французинот се мачи со повреди, но Барса верува дека неговиот потенцијал допрва ќе се развива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ се засили со руски репрезентативец!

Голманот на Краснодар и руската фудбалска репрезентација Матвеј Сафонов пристигна во Париз…