Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг е спремен да ја намали платата за останте во Рома и после завршивање на сезоната, пренесува „Скај Италија“.
Смолинг оваа сезона игра на „Олимпико“ како позајмен играч од Манчестер Јунајтед и Рома сака по секоја цена да го задржи и да го откупи неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Смолинг со своите добри настапи оваа сезона го привлече вниманието на многу други клубови како Евертон, Тотенхем и Арсенал, па неговата цена порасна.
Манчестер Јунајтед за неговиот потпис сега бара 30 милиони евра, а Рома за да ја плати таа сума треба да му понуди пониска плата на дефанзивецот.
Италијанските медиуми тврдат дека Смолинг сака да остане во Рим и е спремен да ја намали својата плата.
Chris Smalling: #ASRoma pic.twitter.com/Xkrpwe2B2a
— Digital Jerseys (@Fasn_Designs) March 22, 2020