Дома Тенис Рафа пресилен за Пера!

Рафа пресилен за Пера!

Неполни два часа игра му беа доволни на деветкратниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал да избори пласман во второто коло.

Најдобриот шпански тенисер не дозволи никаква неизвесност и брзо ја заврши работаста против францускиот претставник Бено Пера. Надал беше подобар со 6:1, 6:4 и 6:1.

Французинот само во вториот сет пружи посериозен отпор, кога водеше со 3:1 со брејк предност, но потоа Надал ја превзема контролата и до крајот на мечот играше во силен ритам.

Шпанецот во второто коло ќе игра против искусниот Холанѓанец Роби Хас, кој во текот на вчерашниот ден беше убедлив против 18 годишниот Австралиец, Алекс Де Минаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина одби фотографија со Сабаленка и Андреева пред завршниот мастерс

Украинската тенисерка не сака да биде дел од заедничкото фотографирање со белоруската и ру…