Дома Фудбал Останато По веста дека може и кривично да одговора Јовиќ се огласи: Жал ми е што јас сум главна тема, а не вистинските херои

По веста дека може и кривично да одговора Јовиќ се огласи: Жал ми е што јас сум главна тема, а не вистинските херои

Лука Јовиќ денес е вест број еден во медиумите во регионот затоа што го напушти карантинот на Реал Мадрид и се врати во Србија.

Во медиумите се пишуваше дека Јовиќ за оваа негова постапка може да заработи дури и кривична пријава. Српскиот фудбалер се одлучи да ја објасни ситуацијата и се огласи преку неговиот Инстаграм профил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со оглед на ситуацијата во светот и нашата земја, незапаметено во последно време, морам да се огласам и да дадам поддршка на својот народ. Прво, многу ми е жал што јас сум главна тема овие денови и што констатно се пишува за мене, а не за главните херои на оваа криза, докторите и сите медицински работници. Додека престојував во Шпанија бев негативен на коронавирусот и одлучив да допатувам во Србија и да бидам блиску до моето семејство, добив и дозвола од клубот. Кога слетав во Србија уште еднаш бев теситран и повторно бев негативен. Многу ми е жал што некои луѓе не си ја работеа работата професионално и не ми дадоа точни инструкции како треба да се однесувам во самоизолацијата. Во Шпанија имав дозвола да одам до аптека и супермаркет за да ги набавам потребните намирници, тука не бил таков случајот. Се извинувам ако на некој начин сум загрозил некого и се надевам дека сите заедно ќе го надминеме ова“, гласи пораката на Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…