Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино се уште е без ангажман откако од пред неколку месеци доби отказ во Тотенхем.
Управата на лондонскиот клуб се одлучи да му даде отказ на Покетино после серијата лоши резултати. На негово место набрзо стигна Мурињо, меѓутоа и на Португалецот не му оди баш најдобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека ја чека вистинската понуда за продолжување на кариерата Покетино даде интересно интервју за „Радио Де Плата“. Тој откри дека негова желба е еден ден Меси да го врати во Њуелс Олд Бојс каде што ја започна играчката кариера.
Покетино е сигурен дека еден ден ќе го води овој клуб, меѓутоа сака тоа да биде во моментот кога Меси ќе одлучи да се врати.
„Се надевам дека ќе се вратам еден ден во клубот. Се уште не е време за тоа, но се надевам дека ќе биде реалност за десет години кога ќе се врати и Меси, па заедно да направиме големи работи“, изјави Покетино.